511 казни во еден ден поради неносење заштитни маски

7

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирале 511 прекршоци на територијата на државава за неносење заштитни маски.

„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги
почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19“,велат од МВР.

Во Македонија задолжително е носењето заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можност за одржување дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично.

Правилната употреба на маската или прекривката за лице е клучна за ефикасно спречување на ширење на вирусот.