Скандал во собранието на Република Српска- министер му удри шлаканица на пратеник, седницата прекината

10

Министерот за внатрешнио работи на Република Српска, Драган Лукач, го удри пратеникот на партијата НСРС Драшко Станивуковиќ, откако тие не се согласија околу знаменцете на НАТО во салата на Собранието, пренесуваат локалните медиуми.

Лукач за време на неговиот говор во Народното Собрание на Република Српска каде се одржува посебна седница поврзана со Програмата за реформи на БиХ, му се обрати на Станивуковиќ, кој со уште неколку опозиционери во салата на Собранието внесе мали знаменца на НАТО, пренесува „Кликс.ба“.

Знаменцата се во знак на протест бидејќи Станивуковиќ смета оти лидерот Милорад Додик со потписот на Програмот за реформи кој вчера беше упатен во седиштето на НАТО ја поништил „воената неутралност на Република Српска“.

Лукач, од друга страна, различно ги сфатил знаменцата.

– Додека се борев, над главата ми летаа авионите на НАТО. Мислев дали нивна бомба ќе ми падне на главата. Ти тогаш беше мал, но сега треба да знаеш некој работи. Повеќе немој да го носиш тоа во Собранието, инаку ќе завршиш како знаменцето – рече Лукач.

Потоа, Станивуковиќ му пристапи на Лукач со намера да му објасни како ќе заврши, поради што Лукач кон опозиционерот фрлни неколку парчиња хартија, го нарече „мајмун“ и потоа го удри во лицето.

Седницата по овој инцидент е прекината.