65-годишник ограбил банка во Колорадо па парите ги фрлал и викал: Среќен Божиќ!

17

Маж со бела брада е притворен со кауција од 10.000 долари поради ограбување банка во Колорадо и фрлање на украдените пари во воздух со извици „Среќен Божиќ” на минувачите, јави полицијата и локалните медиуми.

Дејвид Вејн Оливер (65) е уапсен во близина на кафулето Старбакс, откако ја ограбил банката Академи во Колорадо Спрингс во понеделникот попладне, соопшти полицијата.

Се додава дека осомничениот „се заканил дека ќе употреби оружје“ и банката ја напуштил со неутврдена сума на пари.

Портпаролот на полицијата не бил достапен за коментар, но локалната ТВ-станица ККТВ извести дека очевидецот Дион Паскале рекол дека Оливер излегол од банката и фрлал пари насекаде.

„Тој почна да фрла пари од торбата пред да викне ‘Среќен Божиќ’“, изјави Паскале за ККТВ.

Очевидецот додаде дека минувачите зеле дел од парите и ги вратиле во банката, додека Оливер влегол во Старбакс, седнал и чекал полицијата да го уапси, јави ККТВ.

Денвер Пост ја пренесе изјавата на полицијата дека од банката исчезнале илјадници долари, додавајќи дека нема индиции дека Оливер во грабежот употребил оружје.

На полициските фотографии се гледа Оливер со сиво-бела коса и целосно бела брада. Тој во моментов е задржан во затвор во округот Ел Пасо каде го чека своето про појавување пред суд, закажано за во четврток.