659 прекршоци за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 261 лице потпишало изјава за самоизолација, соопштува МВР.

19

Од извршените контроли на лицата во изолација и самоизолација, полицијата утврдиле дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација, а три лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

Во ова деноноќие регистрирани 659 прекршоци за неносење маски, соопшти МВР.