Коронавирусот ја опустоши Америка, но Трамп е безгрижен: Вирусот сам ќе исчезне, а наскоро ќе имаме и вакцина

44

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не би му било тешко да носи заштитна маска, но нагласи дека наскоро коронавирусо „во некој момент ќе исчезне“.

„Тоа не би ми било нималку тешко. Доколку сум меѓу повеќе луѓе, ќе ставам маска“, изјави Доналд Трамп за “Fox Business” додека бројот на заразени во одредени делови на Соединетите Американски Држави рапидно расте.

„Во најголем дел од случаите не сум во таква ситуација“, додаде Трамп и нагласи дека сите луѓе со кои се сретнува се тестирани.

„Немам ништо против маските, мислам дека тоа е добра работа“, изјави Трамп и изрази сомнеж во предлогот да биде задолжително носењето на маски на национално ниво.

„Мислам дека вирусот во некој момент едноставно ќе исчезне. Се надевам. Мислам дека и наскоро ќе имаме вакцина“, изјави американскиот претседател кој исто така пред неколку месеци во слична изјава порача дека коронавирусот еден ден наеднаш ќе исчезне.

Да потсетиме, САД е најтешко погодената земја од пандемијата на коронавирусот. Досега регистрирани се над 2,7 милиони заразени, а како последица на коронавирусот починаа нешто повеќе од 130 илјади лица.