Гренел: Гледав како претседателот Трамп ја шармира германската канцеларка

6

Поранешниот американски амбасадор во Германија Ричард Гренел изјави дека го гледал американскиот претседател Доналд Трамп како ја шармира германската канцеларка Ангела Меркел.

Инаку, односот меѓу двајцата лидери се смета за многу студен во светската јавност.

„Гледав како претседателот Трамп ја шармираше германската канцеларка, а во исто време инсистираше на тоа Германија да ги плати своите обврски кон НАТО“, рече Гренел во говорот на републиканската конвенција, пренесува Politico.eu.

Трамп често го критикува Берлин дека малку одвојува за НАТО и неодамна нареди повлекување на илјадници американски војници од Германија.