Рози Хантингтон-Вајтли, свршеницата на актерот Џејсон Статам, објави на Инстаграм дека е бремена.
“Taaa daahhh. Рунда број два”, напишала манекенката и актерка во описот на фотографиите со труднички стомак и со емотикони на бебиња.
Објавата собрала повеќе од 280.000 лајкови за неколку часа, а следбениците им напишаа честитки во коментарите.
Двојката веќе има син, Џек, кој е роден во 2017 година, а минатата година Роузи напишала на Инстаграм дека постои можност таа и Џејсон да го прошират семејството.
Џејсон е 20 години постар од Роузи, но за двојката тоа не е проблем.
„Годините не се ништо друго освен бројка“, им порача Роузи на своите следбеници на Инстаграм.
Двојката се запознала во 2009 година и набргу потоа почнаа да излегуваат заедно во јавност. Пред пет години, на црвениот тепих на доделувањето на наградите Златен глобус, тие ја потврдиле свршувачката.