ЦИА нема разузнавачки информации дека здравјето на претседателот на Русија е нарушено

2

Шефот на ЦИА Вилијам Барнс изјави дека оваа разуззнавачка агенција нема докази за евентуални здравствени проблеми на рускиот претседател, шегувајќи се дека Путин изгледа „премногу здраво“.

Тој ги демантираше бројните гласини за наводните болести на Путин, кои се интензивираа по почетокот на конфликтот во Украина.

Брнс, говорејќи на форумот за безбедност во Аспен, потенцираѓе дека неговата изјава не е „формално разузнувачка“.

Сепак, со оглед на неговата позиција, овој коментар за Путин може да ги намали надежите на неговите противници и непријатели кои веруваат и се надеваат дека пропастот и колапсот на Путин и Русија е многу блиску.

Брнс зборуваше на оваа тема еден ден откако Путин го посети Иран, каде што се состана со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи.

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс ја коментираше здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин откако САД објавија дека ќе испратат повеќе оружје со долг дострел во Украина.