Француски завод за статистика: Социјалните трошоци во ЕУ се зголемија во 2021 година поради пандемијата

5

Трошоците за социјална заштита продолжија да растат во сите земји на ЕУ во 2021 година поради сумите доделени за вакцинација и тестови за Ковид-19.

Според истражувањето за социјална заштита објавено денеска од страна на францускиот статистички завод на министерствата за социјална заштита, паричните надоместоци се зголемиле во просек за 2,4 отсто во Франција во 2021 година и за 3 отсто во ЕУ по „исклучителното зголемување“ во 2020 година, кога скокнале за 6,9 отсто, односно 8,3 отсто.

Франција е земја од ЕУ која одвоила најмногу средства за социјална заштита во однос на нејзиниот бруто домашен производ  или 33,3 отсто од БДП, потоа Австрија (31,8 отсто) и Италија (31,5 отсто), додека европскиот просек е 29 отсто.

Во однос на трошењето по глава на жител за социјална заштита, Австрија води (14.500 евра), потоа Германија (14.000 евра), Данска (13.850 евра) и Франција (12.350 евра) со европски просек од 10.150 евра.

Растот на трошоците за социјална заштита во 2021 година беше поттикнат од вакцинацијата и тестирањето за Ковид-19, а трошоците за здравствени ризици (+ 9,6 проценти) ги надминаа трошоците за заштита на работните места (-18,2 проценти ) со цел да се намали делумната невработеност.

Покриеноста за ризикот од сиромаштија и социјална исклученост, исто така, се зголеми (+6,7 отсто), најмногу на крајот на 2021 година со спроведувањето на првите мерки за справување со почетокот на инфлацискиот скок.