ОН истражуваат од каде се Рохинџите кои пристигнаа во Индонезија

0

 

Обединетите нации се обидуваат да утврдат од каде се стотиците бегалци Рохинџа кои по неколку седмици минати на отворено море пристигнаа на плажа во најсеверната индонезиска провинција Ачех.

„Најмалку 185 мажи, жени и деца се симнаа на плажата Ујонг Пи во Муара Тига, село во областа Пидие. Тие се многу слаби поради дехидрација и исцрпеност по неколку недели на море“, изјави локален полициски началник.

Мухамед Рафки Шукри од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации рече дека ќе бидат обезбедени преведувачи за да разговараат со бегалците и да дознаат дали се дел од групата 190 Рохинџи за кои ОН пред еден месец соопштија дека во мал брод пловеле во Андаманското Море.

Не е јасно од каде доаѓаат луѓето, и дали воопшто се од истата група бегалци. Еден од мигрантите кој зборувал малајски рекол дека минале повеќе од еден месец на отворено море.

Од август 2017 година кога мјанмарската армија покрена акција за справуање со бунтовничка група, повеќе од 700 илјади муслимани Рохинџа избегаа од Мјанмар, држава со мнозинско будистичко население, во бегалските кампови во Бангладеш.

Групи Рохинџи се обидуваат да ги напуштат преполните бегалски кампови во Бангладеш, користејќи секакви расположиви средства да замонат кон земји со мнозинско муслиманско население во регионот.