На 27 јануари седница на СЗО за оправданоста на вонредната здравствена ситуација поради Ковид-19

4

 

Комитетот на Светската здравствена организација на средба закажана на 27 јануари ќе разгледува дали пандемијата со Ковид-19 се уште претставува глобална здравствена состојба, соопшти СЗО три години откако првпат беше прогласена пандемија.

Комитетот за вонредни состојби го советува генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој треба да ја донесе носи конечната одлука дали епидемијата претставува така наречена вонредна состојба за  јавното здравје од меѓународно значење, што е највисоко ниво на тревога за СЗО.

Неколку водечки научници и советници на СЗО истакнаа дека можеби е прерано да се прогласи крај на вонредната фаза на пандемијата со Ковид-19 поради зголемениот број на инфекции во Кина.