сабота, декември 14, 2024
3.8 C
Skopje

АД ЕСМ: ТЕЦ Осломеј превентивно исклучен, производството на струја непречено се одвива преку другите електрани

 

АД ЕСМ денеска соопшти дека термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен.

– Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа. Нема да има недостиг на електрична енергија во производството на АД ЕСМ, бидејќи капацитетите работат според планот и се компензира секое отстапување на одреден капацитет, информираат од АД ЕСМ.

Во изминатото деноноќие произведени се 17.454MWh електрична енергија, што, според АД ЕСМ, ги надминува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови