Во посета на Собранието денеска ќе престојуваат италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јачимовиќ.
Како што информираат од собраниската прес-служба, италијанскиот амбасадор Силвестри ќе има средба со претседателот на Собранието, Јован Митрески.
Додека, пак, босанскиот амбасадор Јачимовиќ ќе се сретне со пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.