сабота, декември 14, 2024
3.8 C
Skopje

Амбасадорот Мерис ќе ги претстави приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ пред пратениците

На заедничка седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции ќе бидат претставени приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ.

Програмата и приоритетите за работата на белгиското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари – јуни 2024 година, ќе бидат претставени од страна на амбасадорот на Кралството Белгија во Република Северна Македонија, Фредерик Мерис.

Мерис, на настан во Скопје минатиот месец, организиран од Европското движење, кажа дека еден од приоритетите ќе биде и проширувањето на Унијата.

-Проширувањето на Унијата е исто така многу важна тема на агендата на белгиското претседателство. Белгија е убедена во стратешката важност на проширувањето. Исто така е убедена дека тоа е процес заснован на заслуги, којшто бара и реформи. Но исто така, во текот на нашето претседателство, сакаме да постигнеме некои резултати во однос на проширувањето, сакаме да имаме преговарачка рамка со Украина и Молдавија, како и меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија, како и отворање нови поглавја со Србија и со Црна Гора, посочи Мерис.

Амбасадорот тогаш го спомена и новиот План за раст за Западен Балкан, во којшто, посочи, треба да се финализираат сите финансиски прописи, кои треба да бидат воведени за тој побрзо да се имплементира.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови