Заради интерес на повеќе медиуми како дел од проектот „Зајкнување на владеење на правото и човековите права во Северна Македонија II“ беше анонимизирана пресудата поврзана со настаните во Кумановско „Диво Насеље“, информираат од Основен кривичен суд – Скопје.
– Во рамки на проектот кој се спроведе од мај до декември 2022 година, тројцата ангажирани волонтери, анонимизираа, и на веб страната на судот, објавија 1964 правосилни пресуди што е најголем број на објавени кривични пресуди на порталот sud.mk во наведениот период. Оваа е втор успешно реализиран проект за анонимизиција на пресуди на Кривичниот суд во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“ со кој се обезбедуваат анонимизирани пресуди по различни основи, за различни кривични дела и досудени казни, а кои пресуди се од особена важност како за зајакнување на судската пракса така и за превентивно делување во јавноста од евентуални идни противзаконски дејствија, стои во соопштението од Кривичен.
Оттаму велат дека заради технички ограничувања, пресудата привремено не може да биде објавена на пребарувачот за „Одлуки“, па затоа ја објавуваат во прилог на соопштението.