недела, февруари 9, 2025
9.8 C
Skopje

Без вода корисници од неколку улици во Гази Баба

Прекинато водоснабдување од 10.10 часот денеска ќе имаат  корисниците од неколку улици во општина Гази Баба поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 100мм на улица „Сава Михајлов“ 13-1.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Сава Михајлов“, „Радован Ковачевиќ“, „Томас Минцер“, „Тодор Чопов“, „Фрушкогорска“, „Орово“, „Христофер Жефаровиќ“, „Спиро Црне“, „Катлановска“, „Кавадарска“, „Пролетна офанзива“, „Кожув“, „Неготинска“, „Надбискуп Чекада“ и „Трајко Китанчев“.

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови