понеделник, декември 9, 2024
4.8 C
Skopje

Бектеши: Со новиот закон ќе се затвараат компании кои ставаат преголеми маржи

По донесувањето на одлуката за ограничување на маржите за трговците, министерот за економија Крешник Бектеши, изјави дека мерката била донесена по консултации со Стопанските комори. Бектеши го повтори неговиот став дека е неетички во време на криза да се ставаат маржи од 15 проценти на одредени производи.

ОЧЕКУВАВМЕ ДЕКА СПОРЕД ДОГОВОРИТЕ СО СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ КОМПАНИИТЕ ВЕЌЕ СЕ НАВИКНАТИ НА ПРОФИТНИ МАРЖИ ОД 4 ИЛИ 5 ОТСТО. НО, ВО ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ – НА МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ НА ПРИМЕР, 7-8 ДЕНАРИ СЕ ПЛАЌА ЗА РАБАТ КОН СУПЕРМАРКЕТИТЕ. СЕГА ВЛАДАТА ЈА УКИНА ОВАА МОЖНОСТ И ЗА СУПЕРМАРКЕТИТЕ И ЗА УВОЗНИЦИТЕ. ПОБАРАВ ДА СЕ ПРАВАТ СЕКОЈДНЕВНИ КОНТРОЛИ НЕ САМО НА ЗАШТИТЕТНИТЕ ПРОИЗВОДИ ТУКУ И НА ДРУГИТЕ ПРОИЗВОДИ. ЗА МЕНЕ Е ЗЛОУПОТРЕБА СИНЏИРИТЕ НА МАРКЕТИ ДА ИМААТ ПРОФИТ ОД ТРИЕСЕТ ОТСТО, ОЦЕНИ МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“.

Најави дека во вторник на седница на Владата ќе се усвои Предлог закон за заштита на потрошувачите, каде казните ќе бидат многу високи, до 5.000 евра, за сите нечесни практики.

ИМА КОМПАНИИ КОИ ЗАРАБОТУВААТ И ПО 80 ОТСТО НА ОДРЕДЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИМ СЕ ИСПЛАТУВА ДА ПЛАТАТ КАЗНА И ДА ПРОДОЛЖАТ СО ИСТАТА НЕЧЕСНА ПРАКТИКА. СЕГА ВЕЌЕ, СО НОВОТО РЕШЕНИЕ ЌЕ СЕ СООЧАТ И СО ДРУГ ТИП НА КАЗНИ, ЌЕ ИМА ЗАТВОРАЊЕ НА КОМПАНИИ, ЈАВНО ЌЕ ГИ ОБЈАВИМЕ КОМПАНИИТЕ, А ЌЕ ИМА И ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ, РЕЧЕ БЕКТЕШИ.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови