понеделник, декември 9, 2024
4.8 C
Skopje

Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,42 отсто споредено со вчерашната одлука.

Така, малопродажните цени на бензините се намалуваат за 2 денари и од полноќ ќе чинат:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 96,50 денари;

ЕУРОСУПЕР БС-98 – 99 денари.

Се намалува и цената на дизел горивото и на екстра лесното масло за домаќинства за 2,5 денари. Од полноќ тие ќе чинат:

ЕУРОДИЗЕЛ – 97,50 денари;

ЕЛ-1 – 96 денари.

Еден нафтен дериват, сепак, поскапува. Цената на мазутот се зголемува за 1,011 денари и ќе изнесува 52,466 денари.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, посочуваат од РКЕ.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови