Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88%, при што малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,00 ден/лит. Цената на дизелот на се менува.
Со новата одлука на РКЕ, од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 98,5 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 101 денар/литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и натаму ќе чини 100 денари/литар, маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе биде 98,5 денари/литар, а Мазут М-1 НС ќе чини 50,044 денари/килограм.