вторник, мај 20, 2025
24 C
Skopje

Бесплатни прегледи за пензионерките од тетовско

Тетово, 9 октомври – Здружението на пензионери во Тетово преку Комисијата за здравство, организира бесплатни субспецијалистички ехо-прегледи во текот на октомври и по повод меѓународниот месец на борбата против рак на дојката. Прегледите се вршат во просториите на Здружението во Тетово во понеделник, среда и петок од 10 до 13 часот од страна на специјалист радиолог Павле Спасеновски.

– Ова се превентивни прегледи со оглед дека болеста рак на дојка е на прво место кај женската популација. Ако порано ракот на дојка се јавувал во подоцнежни години, мое сознание е дека проблематиката почна нагло да се менува и да има болни на млади години. Моја најмлада пациентка кај која е констатирана болеста имала 28 години, изјави докторот Спасеновски.

Докторот потенцира дека превентивата и честите прегледи се најдобар начин за брзо октривање на оваа болест која со соодветен третман пациентката може да ги избегне трагичните последици.

– Ако во неделата прегледам 50-тина пацинети, десет се со дијагноза и со „лошата“ болест. Овој показател е катастрофа. Порано немало ни толку прегледи, но таа статистика е загрижувачка што се се јавува кај помладата популација, рече лекарот.

Тетовското пензионерско здружение севкупно брои над 11.500 членови.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови