вторник, јануари 14, 2025
-0.2 C
Skopje

Бислимоски: Од полноќ поголемо намалување на бензините, РКЕ работи по методологија која е во интерес на граѓаните

Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари, а поголемо намалување ќе има и кај бензините.

Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари. Намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.

Намалувањето е резултат на намалените цени на референтните берзи и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.

– Денешната одлука е потврда дека РКЕ работи согласно утврдена методологија која е во интерес на граѓаните. Довербата што ја градиме кон граѓаните е клучна со цел да се избегнат дезинформаци и лажни вести од т.н експерти. РКЕ секогаш кога се создаваат предуслови, веднаш носи одлуки во корист на народот, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови