Беше кандидат за претседател на земјава, а сега ќе биде министер за евроинтеграции во новата косовска Влада.
Блерим Река, кој е македонски државјанин, за претседател на земјава се кандидираше на последните претседателски избори, кои се одржаа пролетоска, односно во април и во мај, а беше поддржан од Алијанса за Албанците и БЕСА.
Сега косовските медиуми јавуваат дека ќе биде министер за евро-интеграции во новата влада на Косово.
Гласањето во парламентот за новата влада која ќе ја предводи лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, а е закажана за денеска во 11 часот.
Владата на Курти ќе брои 15 министри и 33 заменици-министри, што е големо намалување во однос на претходната влада која имаше 23 министри и околу 80 заменици-министри.