Иако веќе со месеци се наоѓа во истражниот затвор “Скопје”, обвинетиот Бојан Јовановски во “Рекет” не се откажува од брендираната гардероба. Тој на рочиштата во Кривичниот суд доаѓа стилизиран од глава до пети, а на денешното судење внимание предизвика неговата блуза.
Станува збор за парче облека од брендот “Ралф Лорен”, кое чини 398 долари.
На денешното рочиште продолжи презентацијата на луксузните парчиња облека запленети од домот на обвинетиот Јовановски, од повеќе модни брендови.a