четврток, ноември 14, 2024
4.8 C
Skopje

Болните со најголем ризик на смртност од ковид-19 да останат дома, бараат здруженијата

Здруженијата на пациенти денеска испартија предлози до Министерството за здравство и до Комисијата за заразни болести во врска со враќањето на работа на хронично болните граѓани.

Тие предлагаат враќањето на работа на хронично болните граѓани да се одвива според одредени критеритуми затоа што не сите пациенти со хронични заболувања се со висок ризик.

– Дел од хроничните болести кои се со најголем ризик на смртност од ковид-19 да останат ослободени од работа (списокот на најризичните хронични болести да биде доставен од соодветните клиники до комисијата за заразни болести). За помалку ризичните случаи на пациенти со хронични болести да се одлучува индивидуално (односно потврдата да ја издаде специјалистот соодветно според болеста, лекувањето, работното место на кое се наоѓаат пациентите). За специјалистите да може да вршат соодветно контролни прегледи за да издадат потврда, да се обезбедат посебно термини на клиниките (пример втора смена на работа и дисперзија преку субспецијалисти и специјалисти во други градови освен Скопје) – предлагаат здруженијата.

Тие бараат Комисијата за заразни болести и Министерството за Здравство да објават листа на коморбидитети кои се забележани кај починатите од ковид-19 и пациентите со тие дијагнози да се ослободат и понатаму од работа.

Здруженијата бараат да бидат контактирани при донесувањето одлуки за засегнатите пациенти и бараат состанок со Комисијата и со Министерството.

На денешниот состанок учестуваа БОРКА, Живот со предизвици, Национално здружение за МС, Здружение за ХМЛ, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, Нефрон, Хепар центар, Пеперутка, Алијанса на пациентски организации (АПО).

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови