вторник, ноември 5, 2024
4.8 C
Skopje

Болни од рак оставени без терапија

Некои од пациентите болни од рак кои се лекуваат на Клиниката за онкологија останаа без терапија. Последните денови кога болните доаѓаат да си ја подигнат терапијата се враќаат со објаснување дека лекот го нема, а кога ќе биде дистрибуиран ќе бидат известат телефонски.

– Некои од сестрите не советуваа ако имаме уште нешто од терапијата да ја земаме во помали дози за да ни трае подолго или ни рекоа дека ќе мора да направиме прекин. Кога ќе дојдат лековите, не ни кажаа. Да останеме без терапија не е решение, ова не смее да се случува – револтирано раскажува пациентка која се лекува од рак на градите и сега прима продолжена таблетна хемотерапија.

Прочитајте и… Надлежните прават напори и градинките да се отворат од 1 октомври
Вработени на клиниката објаснуваат дека недостасуваат неколку типови на терапија поради тоа што доцнат јавните набавки.

Директорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев потврдува дека има недостиг, но вели и дека брзо ќе се надмине.

– Поради коронавирусот на пациентите им дававме поголема количина на терапија за дома за да доаѓаат поретко на клиниката и затоа се случи некои лекови да се потрошат пред да заврши тендерската постапка за набавка на нови количини – објаснува Васев.

Тој вели и дека веќе по понеделник очекува да стигнат лековите по што пациентите ќе бидат повикани да си ја подигнат терапијата или ќе им биде однесена на домашна адреса.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови