Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска ќе оствари работни средби со раководствата на Одделението за внатрешни работи „Ресен“, Полициска станица за Граничен надзор „Маркова нога“ и Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор „Стење“.
Бојмацалиев, како што соопшти МВР, ќе биде придружуван од директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.