сабота, декември 14, 2024
-0.2 C
Skopje

Васко Ковачевски: Енергетската поддршка од Турција е значајна за АД ЕСМ и за Северна Македонија

 

Турција стана голем регионален центар за складирање и испорака на природен гас, и за АД ЕСМ и за Северна Македонија е значајно да имаме сигурно и стабилно снабдување со овој енергенс, поради потребите во кризата со електрична енергија, а особено во делот на кризата со топлинска енергија, и очекуваме во иднина да имаме поддршка од Турција на ова поле, истакнал директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на денешната средба со турскиот министер за енергетика Фатих Донмез.

Како што информираат од ЕСМ средбата била одржана во Владата на Северна Македонија.

Ковачевски го запознал министерот за енергетика Фатих Донмез и членовите на делегацијата, со капацитетите на АД ЕСМ, производството на електрична и топлинска енергија, како и менаџирањето во услови на енергетска криза.

Директорот Ковачевски истакнал дека е добро во време на енергетска криза државава да има поддршка од Турција,која располага со зголемени можности и капацитети за производство на електрична енергија, и особено за снабдување со природен гас.

-Со претставниците на турската државна компанија БОТАШ, чија примарна дејност е продажба, испорака и складирање на природен гас, разменети беа информации и искуства од работењето на двете компании, и во текот на јануари ќе биде одржана посебна средба меѓу АД ЕСМ и БОТАШ во однос на снабдувањето со природен гас, на која средба ќе се разговара и за енергетските капацитети, можностите за снабдување со енергенси и другите опции за помош и поддршка од Турција во делот на енергетиката, е наведен во соопштението.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови