Двајца македонски државјани загинаа во сообраќајна несреќа во Пјаченца, Италија.
Според пишувањата на италијанските медиуми во несреќата загинале момче и девојка, кои биле братучеди, на возраст од 25 и 26 години. Тие со автомобил „рено клио“ удриле во дрво, по што возилото се запалило.
https://www.facebook.com/ilpiacenza/videos/172258120698814/
Двајцата останале заробени во автомобилот, а кога стигнале спасувачките екипи тие веќе починале, а нивниот автомобил бил во пламен.
ilpiacenza.it објави дека загинатите се идентификувани како Методиј Витанов и Марија Витанова.Девојката била во посета на нејзниот братучед.