понеделник, јануари 13, 2025
-0.2 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го урна здравствениот систем

„Заев и Филипче не ги загрижува ниту вчерашната бројка од 193 новозаболени лица од ковид-19. Поважно им е да си прослават годишнина од преспанскиот договор.
Коронавирусот во Република Македонија се повеќе зема замав. Заев и Филипче ја симнаа Македонија во друштво на земјите од третиот свет“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека не може нормалност да биде бројот на заболени од 4.482, од кои активни случаи на ковид-19 се 2.469.

„Додека Филипче говори дека ситуацијата со ковид–19 е нормална, oгромен број на медицински кадар e ставен во изолација. Владата на Зоран Заев го урна здравствениот систем на Република Македонија. Освен здравствениот систем, и македонската економија се наоѓа на колена. Наместо да им се помогне на илјадниците фирми коишто се на работ на егзистенција, фирмите на Заев во време на пандемија ги дуплираат своите добивки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови