вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

ВМРО најавува протести низ цела држава, СДСМ им порачува да се откажат

ВМРО-ДПМНЕ најавува протести низ цела држава ако не се исполни нивното барање, да се распишат предвремени парламентарни избори.

-Тимови составени од извршниот комитет на партијата, пратениците, раководството ќе бидат присутни буквално во секое населено место помеѓу населението и граѓаните и ќе се врши општа мобилизација на народот против власта, кој и онака веќе е јасно дека е на страната на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е народот, тоа се граѓаните, тоа го покажаа и на последниот протест и тоа го докажуваат и со секојдневната поддршка што ни ја даваат. И како што реков се до конечна цел паѓање на оваа криминална власт.

Доколку и понатаму продолжат да ја игнорираат потребата од избори кои што ги бараат ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата и граѓаните, ние ќе бидеме принудени да пристапиме како што најавивме и како што рековме кон целосна блокада на институциите, на патиштата, на целата држава, за конечно да се оствари целта која што ја посакуваат сите во оваа држава освен власта,а тоа е предвремени парламентарни избори. Доволно се кријат, доволно бегаат, нека излезат на мегдан да се соочат со ВМРО-ДПМНЕ, со опозицијата и со граѓаните, изјави партискиот портпарол, Димче Арсовски.

Од владејачката партија СДСМ пак порачаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да се откажеод блокади и опструкции, бидејќи прашањето за избори е затворено и тие ќе се одржат во 2024 година.

-Затоа повикуваме на разум, ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже конструктивност, да почне да работи за интересите на граѓаните, наместо за личните амбиции на Мицкоски. Граѓаните во овој чувствителен период од сите политички субјекти со право очекуваат одговорност, работа и посветеност во надминување на последиците од глобалната криза. Впрочем оваа порака граѓаните му ја испратија директно на Христијан Мицкоски со дебаклот на митингот и слабиот одѕив.Таа порака Мицкоски мора да ја прими да постапи во интерес на граѓаните, а не да води инает, изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови