сабота, декември 14, 2024
3.8 C
Skopje

ВОНРЕДНИ НАДЗОРИ СЕКАДЕ КАДЕ ШТО ПОБАРАЛ ПОМОШ Инспекции по смртта на момчето од Берово

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип по допрен глас по смртта на 25-годишниот пациент Јован Димовски од Берово по извршена хируршка интервенција на заб.

„Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сѐ уште во тек. Дополнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот“, соопшти Инспекторатот.

По завршувањето на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација за констатираната фактичка состојба за која Инспекторатот дополнително ќе информира.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе иницира и формирање на комисија за стручен надзор до министерот за здравство.

Како што објавивме вчера, Димовски наводно починал поради сепса предизвикана од забот кој го лекувал во Штипската болница.

Според извештајот од болницата, тој првпат се јавил во болницата на 14 август во 1 часот по полноќ, со изразена флегмонозна состојба на десната страна на вратот со потекло од заб.

„Ординирана е инфузиона терапија, направен е РТГ и извршена е екстракција на забот заради обезбедување на дренажа на гнојната колекција. Следниот ден извршена е и инизија со дренажа. Постинционо, состојбата покажува знаци на подобрување. По три дена пациентот се отпушта со локален уреден наод и со ординирана терапија за дома, како и препорака за контрола. На контролен преглед, локален наод уреден“, се вели во извештајот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови