Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на својот Фејсбук профил објави дека утринава упаднала финансиска полиција во неговиот дом
„НЕ ВИ СЕ ПЛАШИМЕ, ДЕНЕС ХИБРИДНИОТ РЕЖИМ ЌЕ ЗАВРШИ! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!“ – напиша Јаулески на Фејсбук.
„Утрово во домот каде што живеат моите родители во 5:20 часот дојде финансиска полиција со налог и изврши претрес за истражна постапка за фирмата каде што работи мојот татко. Ова го толкувам како последен обид на власта за заплашување пред денешното гласање недоверба во Собранието“, изјави Јаулески за Телма и додаде дека татко му работи во ЕВН.
Според него, тоа не е случајно и е очигледен обид за вршење притисок пред денешното гласање за доверба на Владата во Собранието.
Засега нема информација од Финансиската полиција дали и зошто е направен претресот.