– Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека ќе има нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и тоа ќе биде направено најмногу во текот на наредните 14 дена.
Одговарајќи на новинарско прашање зошто се уште не е сменета д-р Иринка Сотирова Бухова од функцијата директор на ДСЗИ, информира дека треба да има процес на селекција на кандидат за оваа позиција, кој треба да исполнува одредни услови, како академски, така и професионални критериуми за да може да може да биде именуван/а.
-Штом ќе заврши тој процес, тогаш ќе биде именуван нов директор. Не се работи за никакво одложување, туку само за селекција на кандидат кој ќе биде именуван, нагласи Ковачевски.
Премиерот Ковачевски рече дека вчера не требало никој да биде разрешен бидејќи не се разгледувала таква точка на владината седница.
– Вчера се разговараше за кризна состојба во енегетиката, потсети Ковачевски.