четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Во посета на МПЦ-ОА доаѓа рускиот митрополит Антониј

 

Денеска во посета на МПЦ доаѓа рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, на средба со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

Oва го потврди митрополитот на дебарско-кичевската епархија, Тимотеј. Тој вели дека се’ уште не е позната причината за посетата, ниту пак е познато каде и во колку часот ќе пристигне. Оттаму најавуваат дека ќе биде испратено соопштение до јавноста.

Посетата на митрополитот Антониј се случува во време кога МПЦ го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.

Претходно дел од бугарските медиуми, повикувајќи се на црковни извори, објавија дека тој доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со Руската православна црква.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови