сабота, декември 14, 2024
3.8 C
Skopje

Во Собранието закажани седници на три комисии

Во Собранието денеска се закажани седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог- законот за помилување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт треба да ги разгледаат Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје  и Предлог-законот за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во второ читање.

Законите кои се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Комисијата за образование, наука и спорт треба да бидат разгледани и на Законодавно-правната комисија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови