Координаторите на пратеничките групи и други претставници на парламентарните партии денеска се очекува да одржат прва средба на која ќе се разговара за заклучоците што треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието во врска со европскиот предлог и отпочнувањето на преговори за влез во ЕУ.
Двете најголеми политички партии во Собранието, владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ го потврдија договорот за одржување вакви разговори во Собранието. Во работната група се Јован Митрески и Бојан Маричиќ, како преставници на СДСМ, Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, Арбр Адеми од ДУИ, Елми Азири од Алијанса и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.
Премиерот Ковачевски најави дека сите европски документи што веќе се објавени, плус билатералниот протокол со Бугарија, ќе бидат испратени во Собранието заради натамошно одлучување. ВМРО-ДПМНЕ се надева дека ќе придонесе за подобрување на текстот заради заштита на македонскиот идентитет. Пленарната седница се очекува да биде закажана најдоцна до петок.