Европратениците од Мешовитиот парламентарен комитет (МПК) и Комитетот за уставни прашања на ЕУ денеска ќе остварат средби во Собранието.
Како што информираат од собраниската прес-служба, европратениците од МПК ќе се сретнат со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Исто така, европратениците од МПК и со Комитетот за уставни прашања на ЕУ ќе остварат среди и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ Јован Митрески, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, на ДУИ Арбер Адеми и на Алијансата на Албанците Атнан Незири.