четврток, ноември 14, 2024
4.8 C
Skopje

Во Собранието треба да почне дебата за измените на специјалниот закон за коридорите 8 и 10 д

Собранието денеска треба да ја продолжи 115. пленарна седница на која на дневен ред се останати триесетина точки. Меѓу нив се и законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10 д. За четири од нив е завршена расправата и треба само да се гласа, додека денеска се очекува да започне дебата за измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола), по скратена постапка.

Расправата е завршена за измените и дополнувањата на Законот за работни односи, на Законот за експропријација, на Законот за градење и на Законот за урбанистичко планирање.

На дневен ред на 115. седница се и ратификации на Конвенцијата за меѓународни изложби, потпишана во Париз на 22 ноември 1928 година, изменета и дополнета со Протоколите од 10 мај 1948 година, 16 ноември 1966 година и 30 ноември 1972 година и дополнувањата од 24 јуни 1982 година и од 31 мај 1988 година, на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за делегирање на услуги во воздушниот сообраќај на дел на воздушниот простор над Охридското Езеро, на Договорот за правниот статус на мисиите и претставниците на трети држави при Организацијата на Северноатлантскиот договор.

Пратениците треба да расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, измени на Законот за фитофармација, измени и дополнување на Законот за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, измени и дополнувања на Законот за следење на комуникациите, измени на Законот за Oперативно – техничка агенција, измени и дополнувања на Законот за облигационите односи, измени и дополнувања на Законот за извршување, сите по скратена постапка.

На дневен ред е и Предлог на закон за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка, а има и неколку закони во прво читање, како и годишни извештаи за работата на неколку институции.

Во рамки на оваа седница, како последна на дневниот ред е Информацијата за состојбата во Судскиот Совет па Република Северна Македонија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови