четврток, април 17, 2025
22.8 C
Skopje

Во јануари ваучери за субвенции за инвертери, Заев призна дека проектот доцни

Ваучерите за инвертер-клима од 1.000 евра во замена со печките на огревно дрво, заинтересираните граѓани ќе ги добијат во јануари.

Владината мерка предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат вакви субвенции. Предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи. Според премиерот Зоран Заев, постапката за аплицирање почнува од утре. Оваа мерка Владата ја најави уште во октомври со ветување дека до крајот на оваа година ќе биде реализирана. Но, Заев тврди дека постапката доцни поради потребните процедури согласно Законот за јавни набавки.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови