сабота, април 19, 2025
11.8 C
Skopje

Вработена во АРМ пријавија дека војник се обидел да ја силува во касарната во Кумановo

Завчера, во 19.20 часот, во СВР Куманово, вработена во АРМ пријавила дека претходниот ден околу 13 часот во касарната „Боро Менков“ во Куманово колега се обидел да изврши обљуба над неа. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување, се вели во реакција на МО откако попладнево МВР информира дека вработена во македонската армија пријавила во СВР Куманово дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков.

„Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже министерството ќе има нулта толеранција. Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата“ вели МО.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови