петок, мај 16, 2025
14.7 C
Skopje

Гаши ја посети МРТВ по повод Светскиот ден на радиото

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на радиото, претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши денеска ја посети Македонската радио-телевизија и се сретна со генералниот директор Маријан Цветковски и директорката на радиото Ајтен Власаку Мехмети.

На средбата, како што информира собраниската прес-служба, се дискутираше за актуелната состојба и различните предизвици со кои се соочува оваа институција. Гаши беше запознаен со годинашните планови за инвестиции во напредна радио опрема и технологии.

Во рамки на посетата, Гаши ги посетил студијата на Македонската радио-телевизија и им се обратил на слушателите на радиото. Притоа, како што се наведува, ја истакна својата блиска поврзаност со радиото и изрази силна поддршка од Собранието за развојот и унапредувањето на овој медиум. На прашањето за можноста за 24-часовно емитување на Радио Скопје, тој изрази подготвеност да помогне и рече дека треба интензивно да се работи на изнаоѓање модалитети кои ќе овозможат решенија на овој план.

Претседателот на Собранието Гаши и врачил симболичен подарок на директорката Власаку Мехмети во чест на вредниот и незаменливиот придонес на националното радио.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови