Крајно време е за вистинска акција во битката со корупцијата на Западниот Балкан заклучија домашните и меѓународни политички фактори на денешната регионална антикорупциска конференција.
Амбасадорот ГИР потсети дека ниту Европската унија не е имуна на корупцијата, посочувајќи го последниот коруптивен скандал во Брисел.
Заменикот амбасадор на САД во Македонија ЕРИК МЕЕР вели дека САД ке продолжи да ги подржува мерките на владата во борбата со корупцијата. САД слуша и очекува. И во Владата, по кој знае кој пат последниве години повторуваат дека се одлучни во борбата против корупцијата.
Мултилатералниот договор мегу земјите во регионот е потпишан, како сите земји заеднички да се вклучат во битката.
Македонија минатите години бележи падни стани во Индексот на перцепцијата за корупцијата. 2020 та се најде на историски најниското 111 место во светот, а лани забележа раст на 87 то место од 180 рангирани држави.