вторник, мај 20, 2025
12.5 C
Skopje

Град Скопје постави мерна станица за воздух на плоштадот ВМРО

На плоштадот ВМРО, во центарот на градот, Град Скопје постави мониторинг станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Сликите утрово на својот фејсбук профил ги објави градоначалникот Петре Шилегов и напиша ‘чистиот воздух и чистата животна средина немаат алтернатива‘.

Оваа е прва мерна станица која Град Скопје ја поставува низ градот. Мерните станици кои ги има на 8 локации низ Скопје се поставени од Министерството за животна средина.

Завчера, илјадници граѓани од цела Македонија протестираа барајќи од Владата конкретни и сериозни мерки против загадувањето.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови