среда, јули 16, 2025
25.8 C
Skopje

Граѓанин пријавил експлозивна направа на паркингот на средно уметничко, МВР врши увид (ФОТО)

На пријава на граѓанин дека на паркингот е забележан предмет кој наликува на бомба, единицата на МВР е излезена на терен каде ја проверува наводната пријава. МВР утврдува дали станува збор за вистинска или школска бомба – изјави за „Слободен печат“ портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Инаку утринава средното уметничко училиште „Лазар Личеновски” во Скопје поради безбедносни причини беше евакуирано од страна на МВР. Учениците и наставниците се изведени надвор од објектот, а на паркингот се пристигнати екипи на полицијата, кои не дозволуваат пристап до училишната зграда.

Слободен печат дознава дека полицијата им наредила на вработените и учениците да го напуштат објектот, каде во моментот се врши увид.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови