вторник, декември 3, 2024
6.8 C
Skopje

Деветнаесет пожарникари се справувале синоќа со штетите од невремето кое го погоди Неготино

Тринаесет пожарникари со 3 противпожарни возила од ТППЕ Неготино и 6 пожарникари со 2ПП возило и 2 пумпи за испумпување на вода од ТППЕ Кавадарци, вчера биле ангажирани за санирање на штетите по големото невреме кое го погоди Неготино.

Активностите на екипите биле завршени до 23.00 часот, информираа од Центарот за управување со кризи.

Невремето траело 20 минути, а епилогот е паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци, со што причинета е голема штета која допрва ќе се проценува.

Неготинчани коментираат дека вакво невреме на паметат.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови