недела, февруари 9, 2025
9.8 C
Skopje

Дел од Бутел, Чучер Сандево и Илинден без струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден, соопшти РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул.„18“ броеви од 30 до 40 и ул.„Радишанска“ броеви од 40 до 70 во општина Бутел, додека во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците во селото Мирковци во општина Чучер Сандево.

Во период од 09:00 до 14:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Мршевци“ кон Бујковци во општина Илинден.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови