Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 85. Седница избра претседатели, заменици претседатели, членови и заменици членови на комисии на општински изборни единици.
Државната изборна комисијата на продолжението на седницата избра претседатели на општинските комисии во општините Дојран, Зрновце, Сопиште, Чешиново, Облешево, Аеродром, Чаир, Кратово, Неготино, Пехчево, Лозово, Новаци и Брвенца.
Воедно избра заемници претседали во општините Желино, Чаир, Кратово, Сарај, Струмица, Неготино, Богданци, Кавадарци.
Членови во општинска изборна комисија беа избрани во Свети Николе, Битола, Могила, Дојран, Пласница, Зрновце, Демир Хисар, Чешиново Облешево, Чаир, Студеничани, Теарце, Гевгелија, Штип, Струмица, Богданци, Берово двајца, Илинден, Пехчево, Гостивар, Старо Нагоричане, Кавадарци, Новаци, Крушево, Брвеница, Ранковце, Кочани, Јагуновце, Желино,
Заменици членови беа избрани и во 18 општини и тоа тројца заменици членови во Сарај, двајца во Новаци, Пехчево и Гевгелија, и по еден во Ново Село, Дојран, Ресен, Крива Паланка, Штип, Прилеп, Струмица, Берово, Илинден, Пробиштип, Пехчево двајца, Делчево, Лозово, Гостивар, Бутел, Кадбинци и Центар.
Боорис Кондарко, член на комисијата на седницата информира дека во интерес на постапката за кандидирање на учесниците кои ќе се регистрираат во ДИК како претседателски кандидати, во постапката за обезбедување документација за изборната кампања за обезбедување на единствен даночен број и посебна трансакциска сметка за назнака изборна кампања за претседателски кандидати од Центарлниот регистер добиле официјални извествувања со две упатства.
-Станува збор за нивни упатства од централниот регистер пред кого се водат даночните броеви и трансакциските сметки на кандидатите. Онака како што се доставени од Централниот регистер до нас во интерес на пооголема достапност, транспарентност и олеснување на постапката за кандидирање на претседателските кандидати и комплетирање на нивните документација пред ДИК, ние ќе ги објавиме и на нашата веб страна, значи ова не се наши упатства, туку на Централниот регистер и за претседателските и и за кандидатите за пратеници.
Потсети дека рокот за јавниот увид во избирачкиот систем е се уште во тек и апелира граѓаните кои не извршиле увид, да го направат тоа и да си ги проверат податоците.