сабота, октомври 12, 2024
19.8 C
Skopje

Димитриевски и Стојчевски на средби со кумановци

Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ Максим Димитриевски и носителот на пратеничката листа од ИЕ 2,  Даниел Стојчевски денеска одржаа прес конференција во Куманово, на која кажаа дека граѓаните сакаат промена и нова енергија.

-Тие бараат промени и бараат са се стави крај на сето ова што се случува посебно во делот во борба против корупцијата, неквалитетно здравство, образование… што чинат граѓаните да не бидат задоволни, младите да се отсекување. Време е да ставиме крај. Движењето ЗНАМ имаме мала, но реално остварлива програма која  може да се оставри, рече Стојчевски.

Енергијата од Куманово, додаде тој ќе ја пренесат насекаде во државата, изразувајќи увереност дека ќе учествуваат во наредната Влада.

Кандидатот за претседател, Димитриевски кажа дека денеска остваруваат повеќе средби со граѓани на кои афирмираат нови лица во политиката и даваат шанса на луѓе кои претходно немале можност знаењата да ги преточат во пракса.

-Како кандидат за претседател сакам оваа прилика да потенцирам конкретно решение . Во првата година од власта, бидејќи наредната Влада не може да се состави без ЗНАМ дека буџетските вишоци во текот на 2024 со ребалансот ќе предвидиме исплата на 13 пензија која ќе биде поголема за оние со пониски ставки на пензии, за да се усогласи големата разлика, рече  Димитриевски.

Тој појасни дека транспарентно ќе бидат објавени бројките, средства колку има во буџетот за исплата на пензии и ќе направат пресметки колку може да се зголемува пензијата.

Димитриевски рече дека полиѕичките опоненти имаат  нереални проекти.

-За нас зборот е збор, рече тој.

И двајцата ги поканија кумановци да присуствуваат на вечерашниот митинг на градскиот плоштад со почеток во 20 часот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови