понеделник, декември 9, 2024
3.8 C
Skopje

Димитров: Усогласувањето на минималната плата нема да предизвика удар врз стопанаството

 

Зголемувањето на минималната плата во првиот квартал на 2023 година, како што вчера најави премиерот Димитар Ковачевски нема да предизвика удар врз стопанството, смета Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Тој посочи дека во овој случај се работи за усогласување на висината на минималната плата согласно растот на трошоците за живот и согласно растот на просечната плата.

-Ова не е ништо ново, уште 2010 година, кога првпат во Македонија се донесе Закон за минимална плата беше предвидено такво услогласување секоја година, но тогаш се усогласуваше со една третина од растот на БДП, една третина од растот на трошоците за живот и една третина од растот на просечната плата, вели Димитров.

Појаснува дека лани кога се усвои Законот, номинално се зголеми и директно се покачи на 18.000 денари се изменила и методологијата.

-Сега ќе се усогласува секоја година половина од растот на трошоците за живот и половина од растот на просечната плата. Но, за разлика од порано сега има уште една заштита, а тоа е дека минималната плата не смее да биде помала од 57 проценти од просечната, рече Димитров.

Според него, ова е високо ниво, а како што  укажува, во ЕУ се усвоила и директива со која во земјите членки на ЕУ минималната плата треба да биде околу 50 проценти од просечната плата. Тоа значи дека нашата држава има повисок процент за минималната плата, во споредба со земјиште членки на ЕУ.

-Тоа и ни прави одредени проблеми, а тоа е најчесто урамниловката или збивање на се повеќе работници околу минималната плата и не можноста за покачување на повисоки плати, што се покажа и лани покрај штрајковите на вработените во јавниот сектор, вели Димитров.

Во првиот квратал на 2023 година ќе се усогласи минималната плата, а се очекува да биде околу 20.000 денари.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови