четврток, мај 22, 2025
24.8 C
Skopje

Директорот на Геријатрија бил приведен во дворот, додека посредникот ги земал 20-те илјади евра мито во автомобил

Директорот на Клиниката за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Мухсин Арифи, осомничен за примање поткуп од 20 илјади евра за да ја згрижи 42-годишната пациентка Искра С. дента кога бил приведен од полицијата, се наоѓал во дворот на здравствената установа.

Според извори на „Слободен печат“ кои не се дел од истражните органи, но биле присутни утрото на Клиниката за геријатрија, тој бил во дворот на установата, нервозен и во исчекување да добие повик или порака на неговиот мобилен телефон, додека неговиот посредник – негувателот, што ги примил 20-те илјади евра поткуп, се наоѓал во автомобил со старателката на пациентката.

Според нашите информации, додека Арифи чекал во дворот, негувателот во автомобилот побарал старателката на пациентката да дојде со него во блиската менувачница за да ги разменат парите (20 илјади евра), најверојатно сомневајќи се дека се обележани банкноти чии сериски броеви се веќе запишани во полициските истражни документи. Меѓутоа, негувателот сепак ги зел парите без да бидат разменети во менувачница, ги ставил во внатрешноста од палтото,  излегол од автомобилот и веднаш бил приведен.

Во исто време, приведен е и директорот Мухсин Арифи, како што може да се види и од видеото што го обезбеди „Слободен печат“. Додека траела средбата на негувателот со старателката, Арифи, според нашиот извор, чекал во дворот и бил во комуникација со неговиот посредник во автомобилот, уверувајќи ја старателката дека пациентката е примена.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови